УТРО.мк

Полициски инспектор од СВР Битола пријавен за оддавање службена тајна

Полициски инспектор од СВР Битола пријавен за оддавање службена тајна
Vero

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против Б.Ј., самостоен инспектор во Отсекот за прикриени човечки извори на информации во ОКРА при СВР Битола, поради сомнение за кривично дело „оддавање на службена тајна“ по член 360 став 1 од КЗ на РСМ.

Според документираните сознанија, Б.Ј. на 9 и 17 јануари 2025 година неовластено извршил проверка на податоци од системот за регистрирање и управување со оружје за друго лице инволвирано во судска постапка. При тоа, со својот мобилен телефон направил фотографии од мониторот на службениот компјутер и ги споделил со неповикано лице.

По добиена согласност од ОЈО ГОКК, ОВКИПС ќе поднесе предлог за поведување на дисциплинска постапка и ќе изрече задолжителна мерка отстранување од работното место на пријавениот до завршување на постапката.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран