Во првата недела од септември, Министерството за внатрешни работи регистрирало вкупно 5.171 сообраќаен прекршок низ државата.
Според податоците, санкционирани се 170 пешаци, 176 возачи кои користеле мобилен телефон при возење и 228 возачи без сигурносен појас. Исто така, откриени се 116 случаи на управување возило под дејство на алкохол, 29 минувања на црвено светло и 119 прекршоци кај мотоциклисти кои немале заштитен шлем.
МВР најавува дека засилените контроли продолжуваат со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.