Двајца нападнале полиција во Старо Нагоричане: Испукани предупредувачки куршуми
На 23.08.2025 во 22:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода Т.Ј.(27) и Б.Ј.(46) од Куманово по инцидент во село Макреш, општина Старо Нагоричане.
При контрола на паркирано товарно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, натоварено со огревни дрва, двете лица не дозволиле проверка и физички ги нападнале полициските службеници. Откако влегле во возилото, се обиделе да ги прегазат, по што полицијата испукала неколку предупредувачки куршуми во воздух.
Лицата биле пронајдени, а возилото со дрвата одземено. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.