Медицинските експерти предупредуваат дека појавата на одредени промени во усната шуплина, доколку траат подолго од три недели, не смее да се игнорираат и неопходно е веднаш да се провери состојбата кај лекар или стоматолог.
„Афтите се честа појава и ретко претставуваат сериозен проблем, но доколку раничките не заздрават во рок од три недели, задолжително треба да се направи преглед“, вели онкологот д-р Џири Кубеш за Daily Express.
Тој додава дека упорни израстоци во устата или на вратот, болка, тешкотии при голтање, необјаснето слабеење, промени во гласот, како и појава на црвени или бели дамки во устата, исто така може да бидат предупредувачки знаци за рак на усната шуплина.
„Внатрешноста на устата треба да изгледа розово и здраво. Погледнете го јазикот, усните и внимавајте на израстоци или промена на бојата. Иако овие симптоми можат да укажуваат и на други состојби, секогаш е најдобро да се направи лекарска проверка“, советува д-р Кубеш, особено предупредувајќи ги пушачите, кои имаат зголемен ризик од појава на ова заболување.
Само во Велика Британија, минатата година биле дијагностицирани повеќе од 10.800 случаи на рак на усната шуплина, од кои 3.637 лица починале. Според стручњаците, третманот може да вклучи хируршка интервенција, хемотерапија и радиотерапија.