Министерството за внатрешни работи соопшти дека 43-годишен родител е лишен од слобода по инцидентот на натпреварот меѓу пионерските екипи на ФК „Шкупи“ и ФК „Брегалница“ на стадионот „Бело Брдо“ во Штип.
Според МВР, родителот физички нападнал двајца 15-годишни фудбалери од ФК „Брегалница“, при што тие биле повредени и пренесени во Клиничка болница Штип за укажување на медицинска помош.
По инцидентот, полициски службеници веднаш го лишиле од слобода напаѓачот, а јавен обвинител е известен. Се преземаат сите мерки за целосно расчистување на настанот и ќе бидат поднесени соодветни пријави.