УТРО.мк

Полицијата со нова акција: Седуммина лишени од слобода поради дрога

Полицијата со нова акција: Седуммина лишени од слобода поради дрога
Vero

Лишени од слобода седум лица во Скопје, Прилеп и Боговиње, кај нив при преглед е пронајдена дрога

На 12.07.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.И.(24), М.Ф.(28), М.К.(28) и Д.А. (18), сите од Скопје и Р.Ѓ.(20) од Гевгелија, затоа што кај нив се пронајдени марихуана и дробилка.

На 12.07.2026 во 19:30 часот полициски службеници од ОВР Прилеп во населба „Точила“ во Прилеп го лишија од слобода Т.Т.(37) од Прилеп, бидејќи при преглед кај него била пронајдена марихуана.

На 13.07.2026 во 02:45 часот, полициски службеници од Полициското одделение Камењане во с.Боговиње, го лишија од слобода Б.С. (24), со живеалиште во с.Требош. При преглед на патничко возило „голф“ со скопски регистерски ознаки, кај Б.С. се пронајдени и одземени марихуана и кафеава течност.

По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin