УТРО.мк

Тетовчанец со „мерцедес“ летал 179 км/ч: Полицијата го запре и му го одзеде возилото

Тетовчанец со „мерцедес“ летал 179 км/ч: Полицијата го запре и му го одзеде возилото
Vero

Со специјално возило пресретнувач санкциониран возач кој возел со брзина од 179 км/ч на пат каде е дозволено 80 км/ч, возачот е лишен од слобода, возилото одземено

На 12.07.2026 во 19:35 часот на патот Тетово-Гостивар поточно пред клучка Врапчиште од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на МВР со специјално возило пресретнувач беше измерена брзина на движење на возило од 179 км/ч каде брзината на движење е ограничена со сообраќаен знак на 80 км/ч.
По насоки на јавен обвинител возачот Л.М.(27) од Тетово е лишен од слобода а возилото кое го управувал марка “мерцедес” со тетовски регистарски ознаки е одземено за понатамошна постапка. Против возачот Л.М. од Тетово се преземени соодветни мерки и ќе се соочи со законски предвидената санкција по член 297-а од Кривичниот законик на РСМ.

Сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период на територијата на целата држава, со цел санкционирање на сторителите, зголемување на безбедноста и заштита на учесниците во сообраќајот. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin