Полициски службеници од Валандово денеска го уапсија 39-годишниот Е.А. од селото Казандол, по претрес извршен со наредба на Основниот суд – Гевгелија.
При претресот во неговиот дом и помошни простории, пронајдени и одземени биле 11 стебла од растението канабис сатива, еден репетирачки карабин, куршуми со калибар од 7,9 милиметри, една постар модел рачна бомба, како и торба и неколку ќесиња исполнети со марихуана. Покрај тоа, биле пронајдени и други предмети со остатоци од марихуана.
Е.А. е задржан во полициска станица додека траат понатамошните истражни активности, а МВР соопшти дека мерките се преземени заради утврдување на целокупната криминална активност поврзана со дрога и оружје.