УТРО.мк

Пожарот во Националниот парк „Јасен“ сериозно се влошува

Пожарот во Националниот парк „Јасен“ сериозно се влошува
Vero

Состојбата со пожарот во Националниот парк „Јасен“ сериозно се влошува, а огнот на едно место се искачи до гребенот, но благодарение на брзата интервенција беше запрен, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.

Тој додаде дека огнот се приближил кон зелениот пат, кој служи како клучна линија на одбрана за да не се префрли од другата страна. На терен се ангажирани вработени од Јавното претпријатие „Јасен“, пожарникари од Македонски Брод и возачи на „пинцгауерите“ на ДЗС.

Ангелов претходно информираше дека пожарот повторно се активирал и дека слабиот дожд од вчера не бил доволен за негово целосно гаснење.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран