Во Тропоја, северна Албанија, е откриена статуа на Исус Христос во стилот на познатата бразилска скулптура „Христос Спасител“.
Ова е единствениот споменик на Исус во Албанија и привлекува внимание поради својата големина и уникатен дизајн инспириран од Бразил. Локалните власти и граѓаните велат дека споменикот има за цел да ја промовира религиозната култура и туризмот во регионот.
Иницијативата за поставување на статуата дојде од локални верници и организации кои сакаат да создадат нова туристичка атракција во северниот дел на земјата.