УТРО.мк

Крвава пресметка – уапсен 32-годишен маж по напад со нож

Крвава пресметка – уапсен 32-годишен маж по напад со нож
Vero

Во Дебар синоќа се случи тежок инцидент во кој 32-годишен жител со иницијали К.Т. со остар предмет нападнал негов сограѓанин Ф.Д. и му нанел убодна рана.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, расправијата започнала вербално, но брзо прераснала во физички напад. Настанот се случил околу 22:30 часот, по што повредениот бил пренесен на лекарски преглед.

Полицијата реагирала веднаш и околу еден час подоцна, во 23:45 часот, го лишила од слобода осомничениот напаѓач.

„Лицето е задржано во полициската станица Дебар. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, информираа од МВР.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран