Денеска (19.08.2025) полициски службеници го лишија од слобода В.М. од Скопје, кој беше баран со централна потерница издадена по Наредба од Основниот Кривичен суд – Скопје за сторено кривично дело по член 130 став 2 од Кривичниот законик.
В.М. е осуден на казна затвор во траење од една година и шест месеци и веднаш е предаден на казнено-поправна установа.