
Дваесет и седумгодишен жител на тетовското село Требош е лишен од слобода откако по сообраќајна незгода во Тетово било утврдено дека управувал автомобил под дејство на алкохол и без возачка дозвола.
Според информациите од полицијата, сообраќајната незгода се случила на 11 јули околу 14:05 часот на улицата „Видео Смилевски-Бато“ во Тетово, при судир на две патнички возила, при што била причинета материјална штета.
По извршената контрола, полициските службеници утврдиле дека возилото „порше“ со тетовски регистарски ознаки го управувал Р.И. (27) од село Требош, кој немал возачка дозвола, односно никогаш не положил возачки испит.
Дополнително, при алкотестирањето било утврдено дека возачот имал 1,60 промили алкохол во крвта.
Тој е лишен од слобода согласно член 297-а од Кривичниот законик, а возилото е привремено одземено.
По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

















