
Шест лица загинаа, а уште седум се повредени откако возило влета во толпа луѓе за време на саем во Чиле.
Според првичните информации, возилото ненадејно удрило во група посетители кои се наоѓале на просторот каде што се одржувал настанот. Шест лица починале на местото на несреќата.
Уште седум лица со повреди од различен степен биле пренесени во болница, каде им е укажана медицинска помош. Засега нема дополнителни официјални информации за нивната здравствена состојба.
Зад воланот бил припадник на војската
Според достапните информации, со возилото управувал припадник на вооружените сили. Тој веднаш бил приведен од надлежните органи.
Истражните служби работат на утврдување на сите околности под кои дошло до трагичниот инцидент.
Во овој момент не е соопштено дали станува збор за сообраќајна несреќа, губење контрола над возилото или друг фактор.
Истрагата е во тек, а се очекуваат повеќе детали од чилеанските власти за причините за трагедијата во која животот го загубија шест лица.

















