УТРО.мк

ОЈО со информации за запленетиот кокаин во Велес

ОЈО со информации за запленетиот кокаин во Велес
Vero

Основното јавно обвинителство Велес отвори истрага против 53-годишен маж осомничен за неовластено производство и продажба на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, кривично дело од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Според обвинителството, на 29 ноември 2024 година, осомничениот продал речиси еден килограм чист кокаин (994,8 грама) на жител на Велес. Договорената цена била 50.000 евра, а купувачот-сведок претходно оставил половина од сумата на договорена локација, пред преземањето на дрогата.

При истрага и претрес во куќа на улицата „Петар Алчев“ во Велес, надлежните органи открија дека осомничениот го преработувал чистиот кокаин во крек кокаин, а уште две лица му помагале во процесот. Против нив веќе е изречена првостепена осудителна пресуда. Со дополнителни активности, истражителите го утврдија идентитетот и на лицето кое го продало кокаинот.

По предлог на јавниот обвинител, судија на претходна постапка од Основниот суд Велес му одреди мерка притвор на осомничениот. Истрагата продолжува за целосно расветлување на случајот.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран