УТРО.мк

Израел уби високи ирански команданти и нуклеарни научници во ноќна операција

Израел уби високи ирански команданти и нуклеарни научници во ноќна операција
Vero

Во текот на ноќта Израел изведе прецизна воена операција на територијата на Иран, со цел да го забави напредокот на иранската нуклеарна програма. Според иранските државни медиуми, во нападот загинаа неколку истакнати личности од иранскиот воен и научен врв.

Потврдени се загинувањата на следниве високи функционери:

Генерал Мохамед Багери, началник на Генералштабот на вооружените сили на Иран;

Генерал Хосеин Салами, командант на Иранскиот корпус на револуционерната гарда (IRGC);

Генерал Голамали Рашид, командант на Здружениот штаб „Хатам ал-Анбија“;

Ферејдун Абаси, нуклеарен научник и поранешен директор на Иранската организација за атомска енергија;

Мохамед Мехди Техранчи, нуклеарен физичар поврзан со програмата за развој на нуклеарно оружје.

Исто така, според неофицијални извори блиски до иранските власти, Али Шамкани, влијателен советник на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи, е тешко повреден и неговата состојба е критична.

Оваа операција претставува еден од најдиректните и најконтроверзни потези во досегашниот конфликт меѓу двете држави и дополнително ги зголемува тензиите во регионот. Од Техеран најавуваат жесток одговор.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран