УТРО.мк

Велика Британија: Нема да го штитиме Израел од иранска одмазда

Велика Британија: Нема да го штитиме Израел од иранска одмазда
Vero

Обединетото Кралство нема да интервенира во одбрана на Израел додека Иран одговара на израелските ноќни напади, објави уредникот за одбрана на британскиот весник The Times на платформата Икс, повикувајќи се на неименувани извори.

Во октомври 2024 година, кога Иран истрела балистички ракети кон Израел, британското Министерство за одбрана потврди дека два борбени авиона и еден танкер за воздушно полнење гориво биле вклучени во операции со цел да се спречи натамошна ескалација. Сепак, британските авиони не извршиле никакви напади.

Според последните информации, Велика Британија не учествувала во израелските удари извршени врз Иран во текот на ноќта. Премиерот Кир Стармер повика на воздржаност од сите страни и апелираше за итно враќање кон дипломатски решенија.

Британските Министерства за надворешни работи и одбрана сè уште не излегоа со официјална изјава во врска со потенцијалното ангажирање на Обединетото Кралство во актуелниот конфликт.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран