УТРО.мк

Нападнати полицајци – испукани предупредувачки куршуми

Нападнати полицајци  – испукани предупредувачки куршуми
Vero

Во селото Макреш, општина Старо Нагоричане, полициски службеници биле физички нападнати од две лица откако се обиделе да извршат контрола на товарно возило „мерцедес“ со кумановски регистарски таблички, натоварено со огревни дрва.

Според информациите од МВР, лицата Т.Ј. и Б.Ј. не дозволиле да се изврши контрола, ги нападнале полицајците и се обиделе да избегаат. При тоа влегле во возилото и се обиделе да ги прегазат со него, поради што полициските службеници биле принудени да испукаат неколку предупредувачки куршуми во воздух.

По преземени мерки, осомничените и возилото со дрвата биле пронајдени. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран