УТРО.мк

Млада скопјанка тешко повредена во сообраќајка кај Глумово

Млада скопјанка тешко повредена во сообраќајка кај Глумово
Vero

21-годишна девојка од Скопје е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила синоќа во близина на селото Глумово, на автопатот Скопје–Тетово.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила на 14 септември околу 22:50 часот, кога патничко возило марка „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А. (21) од Скопје, излетало од коловозот.

Возачката се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Скопје, а причините за излетувањето на возилото се испитуваат.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран