УТРО.мк

Масовна полициска акција во Тетовско

Масовна полициска акција во Тетовско
Vero

Во акциска контрола на полицијата во Тетовско, вчера се приведени 39 државјани на Албанија кои нелегално работеле на градилиште во селото Стенче, општина Брвеница. Акцијата била спроведена во координација со повеќе инспекциски служби, вклучувајќи го Државниот инспекторат за труд, Пазарниот инспекторат и Одделението за прекуграничен криминал, миграција и странци од Тетово.

Според МВР, лицата, на возраст од 20 до 65 години, вршеле градежни активности без дозвола, злоупотребувајќи туристички престој. Приведените се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе следуваат пријави против нив и против сопственичката на фирмата.

Полицијата најави дека ваквите контроли ќе продолжат, со цел спречување на нелегалната работа и заштита на трудовите права.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран