Американскиот претседател Доналд Трамп го пречека украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, каде што Зеленски се обидува да обезбеди нови далекусежни ракети „Томахавк“ од САД. Средбата се одржа додека Трамп го планира својот разговор со Владимир Путин, договорен за време на двочасовен телефонски разговор ден претходно.
Двајцата претседатели се обратија пред медиумите во Белата куќа. Трамп истакна дека е „чест да биде со силен лидер“ и со „човек кого многу добро го познава“. Тој најави дека ќе разговараат за последиците од неговиот вчерашен телефонски разговор со Путин. „Мислам дека постигнуваме голем напредок. Денес ќе разговараме за тоа – за она што се случи за време на мојот вчерашен разговор со претседателот Путин. Се чини дека работите се развиваат прилично добро“, рече Трамп.
Во еден момент, Трамп го искористи и да го пофали изборот на облека на Зеленски: „Мислам дека изгледа одлично во ова сако. Се надевам дека сите тоа го забележавте. Има стил“, рече американскиот претседател.
За потсетување, Зеленски на својот прв состанок со Трамп во февруари беше критикуван од новинарите бидејќи не носеше одело, но на следните средби во Вашингтон се облекуваше формално, што го направи и овој пат.