УТРО.мк

Трамп и Зеленски се огласија по разговор од два и пол часа во Белата куќа

Трамп и Зеленски се огласија по разговор од два и пол часа во Белата куќа
Vero

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека рускиот претседател Владимир Путин „не е подготвен“ за мир, додека американскиот претседател Доналд Трамп има спротивен став.

„Мислам дека претседателот Путин сака да ја заврши војната“, рече Трамп при пречекот на својот украински колега во Белата куќа.

Ова е третата посета на Зеленски во Белата куќа по враќањето на Трамп на власт во јануари. Средбата се одржа ден по долг телефонски разговор помеѓу американскиот и рускиот претседател и најавата за предстоечки самит на двајцата лидери во Будимпешта.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран