УТРО.мк

Кривична пријава за измама: Жена останала без 12.000 евра по лажно ветување за купување имот

Кривична пријава за измама: Жена останала без 12.000 евра по лажно ветување за купување имот
Vero

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.М. (49) од Косово поради основано сомнение за сторено кривично дело „измама“, информира полицијата.

Според пријавата, на 15 септември 2025 година, осомничениот преку социјална мрежа стапил во контакт со женско лице и го довел во заблуда, претставувајќи се како сопственик на градежна фирма во странство. Тој ѝ ветил дека ќе посредува при купување на имот во истата држава.

Во текот на комуникацијата, оштетената му исплатила вкупно 12.000 евра, верувајќи дека средствата се наменети за реализација на договорениот имот. Сепак, имотот не бил обезбеден, а парите не ѝ биле вратени.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран