
Голем пожар синоќа зафатил куќа во селото Слупчане, во општина Липково. Објектот е сопственост на 63-годишниот А.И., а и покрај сериозната материјална штета, за среќа нема повредени лица, информираат од СВР Куманово.
Според информациите, огнот избувнал во вечерните часови, по што на терен веднаш интервенирала Територијалната противпожарна единица Куманово. Пожарникарите се бореле со огнената стихија четири часа – од 18:40 до 22:40 часот.
Во гаснењето учествувале две противпожарни возила и две екипи на пожарникари, кои успеале да го локализираат и целосно да го изгаснат пожарот.























