УТРО.мк

Кривична пријава за еко-катастрофа во Трубарево – Детали од МВР

Кривична пријава за еко-катастрофа во Трубарево – Детали од МВР
Vero

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против М.Д. (56), Л.Д. (26), В.М. (43) и З.С. (59), како и против правно лице со седиште во Трубарево, за кривично дело – загрозување на животната средина со отпад.

Првопријавените, како соизвршители, постапувале спротивно на Законот за управување со отпад, фрлајќи и складирајќи опасен отпад од електронска и електрична опрема, батерии, акумулатори и тонери на катастарска парцела во Трубарево. Со тоа предизвикале значително оштетување на почвата и воздухот, со потенцијална опасност за животот и здравјето на луѓето.

Третиот пријавен, раководител на подружница, ги организирал работните задачи при складирањето и обработката на отпадот, додека четвртиот, иако немал формален работен однос, го организирал понатамошното одлагање, примајќи, сортирајќи и механички обработувајќи го отпадот надвор од дозволените објекти.

На 13 септември, објектот се запалил, а пожарот зафатил голем дел од електронскиот отпад и објектите на подружницата за рециклирање. Согорувањето предизвикало масовно испуштање чад, пепел и гасови, а мерењата на Армијата и Државниот инспекторат за животна средина покажале висока загаденост на амбиенталниот воздух.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран