Хеликоптерот Marine One, со кој патуваа американскиот претседател на САД, Доналд Трамп, и првата дама, Меланија Трамп, беше принуден на принудно слетување во Велика Британија поради „хидрауличен проблем“ на крајот од нивната официјална посета.
Трамп и Меланија беа на првата етапа од нивниот пат кон САД, кога пилотот морал да слета како мерка на претпазливост. Белата куќа соопшти дека хеликоптерот слетал на „локален аеродром“ поради „мал хидрауличен дефект“, пред претседателот и првата дама да се префрлат во придружниот хеликоптер за да го продолжат патувањето.
Тие патуваа од селската резиденција на британскиот премиер во Chequers кон аеродромот Stansted во Лондон, каде што ги очекуваше авионот Air Force One за враќање во Соединетите Американски Држави.
Секретарката за медиуми на Белата куќа, Каролин Левит, изјави:
„Поради мал хидрауличен проблем и како мерка на претпазливост, пилотите принудно слетаа на локален аеродром пред пристигнувањето на аеродромот Stansted. Претседателот и првата дама безбедно се префрлија во придружниот хеликоптер.“