Трамп: Ќе ѝ помогнеме на Полска, но по завршувањето на војната во Украина
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека, за разлика од европските сојузници кои веќе испраќаат авиони и противвоздушни системи во Полска, американската помош ќе следува дури по завршувањето на војната во Украина. „Помагањето ќе биде кога ќе заврши конфликтот, за да се зачува мирот“, рече Трамп во интервју за Фокс Њуз.
Ова доаѓа по упадот на околу дваесет невооружени руски дронови во полскиот воздушен простор на 10 септември, што Полска и НАТО го оценија како руска провокација. Полскиот претседател Карол Навроцки потврди дека добил уверување од Трамп за поддршка, но таа ќе следи по завршување на војната.
Трамп исто така ја оспори намерноста на Русија: „Не можам да кажам дали беше грешка, но дроновите не требаше да бидат таму. Можеби биле исклучени и сами паднале“, рече тој.
Минатата недела полскиот министер за внатрешни работи Марчин Кервински информираше за нови краткотрајни упади на руски и белоруски дронови, кои веднаш се повлекле.
Додека европските сојузници ја зајакнуваат одбраната на источното крило на НАТО, довербата на Полјаците во САД опаѓа. Според последната анкета на Onet.pl, 33,1% веруваат дека САД би ги оставиле на цедило во случај на напад, 29% не знаат, а само 37,9% се уверени дека можат да сметаат на американска поддршка.