Со забрзани градежни активности, булеварскиот влез во Битола од страната на Прилеп добива финален изглед. На терен се работи со дневни и ноќни смени – асфалтирање, поставување инсталации, уредување на тротоари и атмосферска канализација.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, истакна дека распоредот на движење на возилата е организиран така што се минимизираат застои во сообраќајот, а воедно се овозможува квалитетна изведба на проектот.
„Битола заслужува современ и европски влез во градот, а битолчани со право очекуваат нивниот град да има достоинствен влез што ја рефлектира историјата и современоста на Битола,“ изјави Коњановски.
Со ова, општината најавува дека наскоро ќе биде заокружен целосниот изглед на еден од најзначајните инфраструктурни проекти за градот.