УТРО.мк

Ристовски го поздрави успехот на ММА репрезентацијата на Арммада 14

Ристовски го поздрави успехот на ММА репрезентацијата на Арммада 14
Vero

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со претседателот на Македонската ММА федерација, Ивица Алексовски, како и со македонските борци Марко Трајановски и Даниела Алексовска, кои забележаа извонредни победи на спектаклот Арммада 14 во Скопје.

„Уште еднаш им честитав за извонредните настапи на големиот спектакл – прв ваков настан во Македонија по повеќе од 15 години“, изјави Ристовски. Тој исто така ѝ посака многу успех на Даниела Алексовска за претстојниот настап на Светското ММА првенство во Тбилиси, Грузија, во категорија до 52,2 кг.

Министерот нагласи дека Министерството за спорт ќе продолжи да биде силен партнер и поддржувач на ММА спортот во земјата.

„Успехот на нашите спортисти е успех на цела Македонија“, додаде Ристовски, изразувајќи поддршка за развојот на боречките спортови и промоцијата на македонските атлети на меѓународната сцена.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран