УТРО.мк

Северна Кореја испорачала оружје за 9,8 милијарди долари, Русија должи

Северна Кореја испорачала оружје за 9,8 милијарди долари, Русија должи
Vero

Северна Кореја и доставила на Русија оружје и воена помош во вредност од околу 9,8 милијарди долари, како дел од договор за поддршка на руската инвазија во Украина, додека во замена од Москва добила само 1,2 милијарди долари, се наведува во извештајот на Фондацијата „Фридрих Науман за слобода“.

Извештајот укажува на знаци на „нерамноправно партнерство“ меѓу двете земји, и покрај интензивирањето на воената соработка, пренесува Танјуг.

Северна Кореја, според извештајот, обезбедила оружје, муниција и воена помош, вклучувајќи и војници, во вредност која надминува повеќе од една третина од нејзиниот годишен економски производ. Рускиот надоместок, пак, вклучувал главно храна, нафта, неколку системи за противвоздушна одбрана, GPS-блокатори и можни борбени авиони.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран