Царинските службеници заедно со граничната полиција откриле пет златни белегзии вредни 346.000 денари на граничниот премин Стење, соопшти Царинската управа.
Накитот бил скриен во куфер меѓу лични предмети и запакуван во оригинални кутии за накит. Против сторителот, македонски државјанин, е поднесена кривична пријава за криумчарење.
Од Царинската управа наведуваат дека лицето се обидело да ја пренесе стоката без да ја пријави кај надлежните органи, што претставува прекршување на законите за царинска регулатива. Случајот е преземен од Обвинителството.
