СВР Тетово поднесе кривична пријава против 65-годишниот И.Н. од село Мала Речица, тетовско, поради основано сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“.
Според полицијата, инцидентот се случил на 19 мај 2025 година на регионалниот пат од Тетово кон селото Волковија. Пријавениот, управувајќи патничко возило марка „Ауди“, одбил да постапи по дадена наредба од полициски службеник и го попречил движењето на крстосницата.
Против И.Н. е поднесена кривична пријава, а надлежното обвинителство ќе ја води понатамошната постапка.