УТРО.мк

Италијанец уапсен на скопскиот аеродром – МВР со детали

Италијанец уапсен на скопскиот аеродром – МВР со детали
Vero

Италијански државјанин е приведен на Меѓународниот аеродром Скопје, откако при гранична контрола во неговиот личен багаж биле пронајдени два ловечки патрони.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, станува збор за М.П.М. (48), кој бил лишен од слобода на 4 август околу 18:40 часот, додека се подготвувал да ја напушти државата.

Полициските службеници ги пронашле патроните при извршената проверка, по што тие биле одземени.

Од МВР информираат дека по целосното расчистување и документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава согласно законските процедури.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin