Четири лица од Скопје, меѓу кои и еден малолетник, се приведени синоќа во општина Чаир по инцидент со физичко насилство, закана со огнено оружје и напад врз полицијата, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите, околу 22:50 часот на улицата „Џон Кенеди“, 24-годишните Бе.Р. и Б.Р. физички го нападнале Б.С., а еден од нив извадил и пиштол, заканувајќи се дека ќе пука. По кратко време напаѓачите го напуштиле местото.
Подоцна, кога биле лоцирани од страна на полицијата, заедно со нивниот татко К.Р. и 14-годишниот брат, сите заеднички нападнале полициски службеници. Напаѓачите биле веднаш приведени и спроведени во полициска станица.
Од МВР информираат дека по комплетирање на истрагата и прибирање на материјалните докази, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.