УТРО.мк

Физички напад и оштетување на возило во Тетовско – пријавен инцидент кај паркот покрај Вардар

Физички напад и оштетување на возило во Тетовско – пријавен инцидент кај паркот покрај Вардар
Vero

На 7 август 2025 година, во 04:00 часот, во СВР Тетово било пријавено дека неколку часа претходно, околу 02:00 часот, кај паркот во близина на реката Вардар во село Стримница, бил извршен физички напад и оштетување на возило.

Според пријавата на 22-годишниот М.А. од истото село, тој бил нападнат од едно лице, по што му се придружиле уште неколку други. Напаѓачите почнале да удираат и по возилото марка „Мерцедес“ со германски регистарски таблички, во кое се наоѓал заедно со својот братучед Х.А. (21).

Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран