УТРО.мк

Најсмртоносната украинска единица ги разнесе руските позиции: „Нема граници каде не можеме да делуваме“

Најсмртоносната украинска единица ги разнесе руските позиции: „Нема граници каде не можеме да делуваме“
Vero

Специјалната единица „Тимур“ на украинската воена разузнавачка служба (ХУР) изведе една од најдрските акции во војната во Украина, длабоко во руската територија. Според официјалните податоци од Киев, во координиран напад во регионот Суми, украинските командоси целосно ја уништиле една руска борбена единица, убиле 334 и раниле над 550 руски војници, со што го сопреле нејзиното напредување.

Мисијата ја предводела елитната формација „Тимур“, наречена по нејзиниот командант – полковник Тимур – кој важи за национален херој уште од 2023 година, кога на Денот на независноста ја постави украинската знаме на Крим по десет години руска окупација.

Храбрата единица се прослави и со тајната мисија на Црното Море – операцијата „Буђење на силата“ – во која беа уништени системи за електронска борба во руска база, при што украинските сили допреа до Крим патувајќи 200 километри со чамци и скутери. Тимур тогаш испрати порака: „Можеме да се појавиме било каде и во било кое време“.

Тајни мисии, психолошки удари и операциите во сенка

Единицата „Тимур“ е составена од околу 20 подгрупи специјализирани за нередовно војување, како што се: „Nobody“ и „Raven“ (дронски напади), „Bratstvo“ (амфибиски саботажи), „Spectre 33“ (подводни операции). Според воениот аналитичар Дмитро Жмајло, ова е „првата единица по Втората светска војна што успешно врши тајни операции длабоко на територија под руска контрола“.

Тие имаат борбено искуство во најтешките фронтови – Бахмут, Змискиот Остров, но и на меѓународна сцена. Во 2023 година, дел од „Тимур“ беа испратени и во Судан за да се борат против бунтовнички групи поддржани од руската „Вагнер“, каде обучуваа локални војници за дронска борба и изведуваа ноќни саботажи.

Во најновата офанзива во Суми, „Тимур“ и уште десетина специјални единици (вклучително и „Chymera“, „Yunger“, „Bratstvo“, „Aratta“, „1514“ и други) целосно ја уништија руската офанзива со борба одблизу, удари од воздух и артилериска поддршка.

Продолжување на фронтот до Африка

Во мај годинава, единицата извела напад од воздух во регионот Харкив, целејќи логистички и командни точки на руската армија. Според ХУР, уништени биле девет складишта, осум премини и 600 засолништа, при што биле елиминирани 439 руски војници.

„Нема граници каде можеме, а каде не можеме да делуваме – без разлика дали во окупираните територии или каде било во светот“, изјави полковник Тимур за „Украинска правда“.

„Каде и да се наоѓаат војници, офицери или поединци поврзани со руските служби – ќе ги стигнеме.“

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран