06 август 2025 – Рано утринава, околу 07:20 часот, на магистралниот пат Гостивар – Кичево, кај кичевското село Строгомиште, се случила сообраќајна несреќа во која едно лице се здобило со тешки телесни повреди.
Несреќата се случила кога патничко возило „Ауди А4“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 58-годишниот И.Л. од село Зајас, се судрило со товарно возило „Пежо“, исто така со кичевски таблички, управувано од Г.Ј. (34) од село Колари. По ударот, „Ауди А4“ завршило во паркирано возило „Ауди А5“, сопственост на 27-годишниот К.З. од село Горно Строгомиште.
И.Л. се здобил со тешки телесни повреди, а Г.Ј. со полесни повреди. Двајцата повредени се пренесени и згрижени во Медицинскиот центар во Кичево.
По наредба на јавен обвинител, на местото на несреќата извршен бил увид од страна на екипа на ОВР Кичево. Се работи на целосно расчистување на причините за несреќата.