УТРО.мк

Инцидент на македонско-косовската граница

Инцидент на македонско-косовската граница
Vero

Инцидент се случил на македонско-косовската граница рано утрово. Возач на камион кој доаѓал од Косово, не застанал на знак кој му го дале полицајците, а по некое време камионот се заглавил, по што возачот избегал, информира МВР.

„На 05.08.2026 околу 05:00 часот на место викано Кодра Фура, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Чашка дале знак за запирање на товарно возило со кумановски регистарски ознаки, кое се движело од Косово кон с.Брест, но возачот не застанал и продолжил со движење. Набргу, возилото се заглавило, по што возачот го напуштил местото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полициското соопштение.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin