УТРО.мк

ФАО: Растат цените на храната во светот

ФАО: Растат цените на храната во светот
Vero

Светските цени на храната во јули достигнаа највисоко ниво во последните повеќе од три години, под влијание на неповолните временски услови и ескалацијата на конфликтите во регионот на Црното Море и Персискиот Залив, соопшти Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Индексот на цените на храната на ФАО во јули достигна 131,1 поен, во однос на 130,3 поени во јуни. Тоа е највисоко ниво на индексот од јануари 2023 година.

Од ФАО предупредуваат дека војните во Иран и Украина, заедно со временските услови, создаваат ризик од повисоки трошоци за производство и пониски земјоделски приноси.

Особено значително е зголемувањето кај житарките. Цените во оваа категорија се зголемиле за 3,4 отсто, додека цената на пченицата пораснала за 5,8 отсто. ФАО посочува дека постои загриженост и околу нарушувањата на извозот преку Црното Море, како и влијанието на високите температури врз клучните земјоделски региони.

Зголемување од два отсто е забележано и кај индексот на цените на растителните масла, кој достигна највисоко ниво од јуни 2022 година. Повисоките цени на суровата нафта и зголемената побарувачка за биодизел влијаеле врз поскапувањето на палминото и соиното масло.

Цените на шеќерот пораснале за 5,6 отсто поради неповолните временски услови во Европа и Азија, како и очекуваното зголемување на побарувачката за етанол во Бразил.

Од друга страна, цените на месото во јули се намалиле за 2,8 отсто во однос на рекордното ниво од јуни, додека млечните производи поевтиниле за 0,7 отсто.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin