
Синоќа околу 20:00 часот во СВР Скопје, Е.Ј.(25) од скопското село Крушопек, пријавил дека на патот кон Крушопек застанале две возила и од едното возило излегле две лица, од кои едното држело во рака остар предмет, а од другото возило излегол А.С.В. од село Сарај со кого претходно имале недоразбирање.
Како што се наведува во полицискиот билтен, А.С.В. откако излегол репетирал пиштол кон пријавителот, а потоа го нападнал со кундакот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

















