УТРО.мк

Тетовец приведен откако со нож им се заканувал на своите родители откако не му дале пари

Тетовец приведен откако со нож им се заканувал на своите родители откако не му дале пари
Vero

32-годишен жител на Тетово е приведен откако, според пријавата, во текот на изминатата недела постојано им се заканувал на своите родители со остар предмет.

Од МВР информираат дека В.М. (32) бил лишен од слобода на 5 август во 08:25 часот од страна на полициски службеници од СВР Тетово.

Според пријавеното, на 3 август, откако родителите не му дале пари, тој оштетил дел од покуќнината, а потоа со остар предмет се обидел да го нападне својот 61-годишен татко.

Мажот бил задржан во полициска станица. По целосното расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin