УТРО.мк

Мицкоски: Не планираме зголемување на струјата, работиме на намалување на цената или продолжување на евтината тарифа

Мицкоски: Не планираме зголемување на струјата, работиме на намалување на цената или продолжување на евтината тарифа
Vero

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата нема план за зголемување на цената на електричната енергија, туку работи на можност за нејзино намалување или проширување на бесплатната тарифа за граѓаните.

„Додека повеќето европски земји планираат зголемување на цената на струјата, ние подготвуваме план со кој ќе се обидеме да ја намалиме цената или да ја зголемиме бесплатната тарифа“, рече Мицкоски.

Тој посочи дека земјата успешно се справува со енергетските предизвици и дека во моментов нема ризик за стабилноста на снабдувањето со електрична енергија.

„Резервоарите се наполнети околу 70 проценти, а имаме речиси 500 гигават-часови акумулирана електрична енергија. Тоа е доволно за сигурно снабдување на граѓаните и индустријата“, изјави премиерот.

Мицкоски нагласи дека Владата продолжува со инвестиции во енергетиката, меѓу кои ја посочи и изградбата на ветерната фарма на компанијата „Алказар“ во Штип, Карбинце и Радовиш, инвестиција вредна околу половина милијарда долари.

Тој додаде дека се подготвува долгорочен план за следните 10 години, со цел решавање на наследените проблеми во енергетскиот сектор.

Премиерот се осврна и на цените на горивата, оценувајќи дека Македонија во изминатиот период имала значително пониски цени од соседните земји, и најави продолжување на таквата политика и во иднина.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin