УТРО.мк

Голема полициска акција во Скопје – 19 лица лишени од слобода

Голема полициска акција во Скопје – 19 лица лишени од слобода
Vero

Лишени од слобода 19 лица во изминатото деноноќие, при преглед кај нив пронајдена е дрога, следуваат пријави

На 02/03.10.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Д.Т.(26), Ф.Д.(33), А.Б.(24), Е.Л.(20), Р.М.(25), Н.С.(36), М.А.(23), С.Т.(35), И.Б.(33), М.М.(48), Е.А.(35), 21-годишната Е.Б. и 32-годишната А.Г., двете од Скопје, како и Д.В.(29) од Крива Паланка, А.Ѓ.(24) од кривопаланечко, М.Р. (26) од кумановско и А.П.(28) од кичевско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, кафеава и бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, метадон и таблети.

На 02.10.2026 во 23:35 часот на ул. „Љуботенска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.А. (20) од с. Непроштено поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од КЗ. При преглед кај него е пронајдена кесичка со бела прашкаста материја.

На 02.10.2026 во 23:40 часот во с.Палатица, во близина на бензинска пумпа, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода В.М. (22) од с. Требош и Е.К. (24) од с. Палатица кои се превезувале со патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки и при преглед кај нив била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран