УТРО.мк

Фотографии од претресите вo Брвеница

Фотографии од претресите вo Брвеница
Vero

На 28.01.2026 во 06.40 часот, полициски службеници од СВР Тетово – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје ги лишија од слобода И.Ј.(43), С.З.(36), Д.П.(69), Д.П.(65) и С.З.(42), сите од село Брвеница. Извршени се претреси во с. Брвеница, во куќи, помошни простории и патнички возила, а врз основа на претходно издадена судска наредба. При тоа, кај И.Ј. се пронајдени пет паковки со бела прашкаста материја, 52 куршуми од автоматска пушка калибар 7.62, два куршуми од пиштол непознат калибар и една чаура од автоматска пушка. Кај С.З.(36) се пронајдени и одземени 20 куршуми од автоматска пушка калибар 7.62, пиштол и рамка со два куршуми кои ги поседувал без дозвола, како и дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја. Кај Д.П.(69) се пронајдени и одземени пиштол кој го поседувал без дозвола, како и ловен карабин, ловна пушка и пиштол кои ги поседувал со дозвола. Кај Д.П.(65) се пронајдени два списоци и една тетратка со имиња на лица, два компјутери и околу 31640 евра, 3400 швајцарски франци и 56500 денари. Кај С.З.(42) е пронајдена бела прашкаста материја. Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по член 396 и член 215 од Кривичниот законик.

.

.

.

.

.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран