УТРО.мк

Макрон ја потврди поддршката за Гренланд: Островот не е на продажба

Макрон ја потврди поддршката за Гренланд: Островот не е на продажба
Vero

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја истакна цврстата поддршка на Гренланд, по разговорите со данската премиерка Мете Фредериксен и премиерот на Гренланд, Јенс Фредерик Нилсен, пренесуваат „Политика“ и „Фигаро“.

„Гренланд не е на продажба и нема да биде отуѓен. Гренланѓаните ќе одлучат за својата иднина“, изјави Макрон на гренландски, додека на дански потенцираше дека „Франција ќе продолжи да стои покрај Кралството Данска“.

Францускиот претседател ја оцени како „стратешки повик за будење за цела Европа“ неодамнешната изјава на американскиот претседател Доналд Трамп за можноста Гренланд да стане дел од САД. Макрон додаде дека Франција „била вчера, е денес и ќе биде утре“ на страната на Данска и Гренланд.

Премиерката Фредериксен му се заблагодари на Макрон за заштитата на заедничките вредности и го пофали „конкретниот придонес“ на Франција во зајакнувањето на безбедноста во Арктикот. Премиерот на Гренланд, Нилсен, истакна дека Франција била покрај Гренланд „во исклучително тешка ситуација“ и дека тоа нема да се заборави.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран