
Компанијата „Neuralink“ на Илон Маск се подготвува да го започне тестирањето на имплантот „Blindsight“, кој ќе им овозможи на луѓето со целосна слепост повторно да гледаат.
Според Маск, чипот функционира преку директна стимулација на визуелниот кортекс во мозокот, што значи дека дури и оние со оштетени оптички нерви ќе можат да перципираат визуелни информации. Во првата фаза видот ќе биде со ниска резолуција, слична на раните видеоигри, но Маск истакнува дека во иднина технологијата може да го надмине природниот човечки вид.



























