УТРО.мк

Над 60 граѓани фатени на дело со вечерно фрлање отпад платиле по 50 евра

Над 60 граѓани фатени на дело со вечерно фрлање отпад платиле по 50 евра
Vero

Над 60 жители на Скопје добија парична казна од по 50 евра откако беа фатени на дело фрлајќи отпад по 22 часот. Мерката за забрана на вечерно одлагање на отпад е веќе во сила неколку месеци, а периодот на опомени и прилагодување заврши, па инспекторите сега постапуваат строго.

Сител забележа дека главните булевари се чисти и контејнерите празни, но во маалските зони сè уште се гледа преливање на отпад. Градоначалникот на Скопје истакна дека мерката донела ред и дисциплина во одлагањето на отпадот.

Според Град Скопје, инспекторите за животна средина во последните три месеци извршиле над 45 вонредни контроли во кругот на ОХИС, Стаклара и општина Сарај, со казни од 1.000 до 53.000 евра. Одговорните лица за управување со отпад биле казнети со 3.000 евра, додека физичките лица добиле по 250 до 500 евра за неправилно одлагање или палење отпад.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран