УТРО.мк

Тројца осомничени за шверц на 150 килограми марихуана – полициска акција во близина на Свети Николе

Тројца осомничени за шверц на 150 килограми марихуана – полициска акција во близина на Свети Николе
Vero

Полицијата ја разби организираната шема за транспорт на голема количина марихуана, откривајќи детали кои изгледаат како сцена од криминален филм. Тројца скопјани – М.З. (37), И.Б. (61) и Г.Б. (59) – се осомничени за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, потврди Министерството за внатрешни работи.

Случајот започнал на 26 јануари, кога М.З. од Струга купил „опел комбо“ со швајцарски регистарски таблички. Во возилото, заедно со И.Б., било сместено поголемо количество марихуана. Потоа бил ангажиран Г.Б. да го шлепува автомобилот од Струга до Скопје за надомест од 200 евра, бидејќи возилото не било во возна состојба.

Откако стигнале во Скопје, М.З. и И.Б. побарале од Г.Б. дополнителни 40 евра за транспортот да продолжи до Свети Николе. Автомобилот бил прикачен зад товарно возило „Ивеко“, додека осомничените се возеле во „мерцедес“.

На регионалниот пат близу Свети Николе, полицијата, постапувајќи по оперативни информации за транспорт на голема количина дрога, го запрела товарното возило. Во „опел комбо“ биле пронајдени осум торби со 50 пакувања марихуана. Форензичкото вештачење потврдило дека станува збор за 150 килограми дрога.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран