На 22 и 23 август 2025 година, на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници лишиле од слобода двајца странски државјани.
С.Е. (30) од Република Албанија и Д.Ш. (23) од Косово биле сопреени при влез во државата, при што било утврдено дека С.Е. е со мерка „апси“ по барање на Интерпол Белгија, додека Д.Ш. е со мерка „апси“ по барање на Интерпол Германија.
Двајцата се предадени на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР за понатамошна постапка.