УТРО.мк

Детали за убиството кај Сарај: Таткото пријавил дека синот му признал, побаран 48-часовен притвор

Детали за убиството кај Сарај: Таткото пријавил дека синот му признал, побаран 48-часовен притвор
Vero

Основното јавно обвинителство Скопје побара краткотраен притвор од 48 часа за 19-годишник од скопското село Бојане, осомничен за убиството на 18-годишно момче од истото село, чие тело беше пронајдено во шумски предел во околината на Сарај.


Според обвинителството, постои основано сомнение дека осомничениот го сторил кривичното дело „Убиство“ по член 123 став 1 од Кривичниот законик.
Од ОЈО информираат дека јавен обвинител издал наредба за обдукција на телото на починатиот, како и наредби за вештачење на трагите, оружјето и споредбени анализи поврзани со случајот.


„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде Наредба за обдукција на телото на починатиот, како и наредби за вештачење на траги и за вештачења и споредбени анализи на оружјето со кое се смета дека е сторено делото“, соопштија од обвинителството.


Истрагата сè уште е во тек, а од Обвинителството посочуваат дека постои опасност од бегство, влијание врз сведоци, прикривање траги, како и можност осомничениот да повтори кривично дело, поради што е побаран краткотраен притвор до формално отворање на истрагата.
Според информациите од СВР Скопје, 19-годишникот бил уапсен на 17 мај околу 00:50 часот во Бојане.
На телефонската линија 192 претходно се јавил неговиот татко, кој пријавил дека синот му признал оти на 15 мај со пиштол го усмртил 18-годишниот Б.Д. во шумски предел кај Сарај.
По пријавата, полицијата го лишила од слобода осомничениот, а биле пронајдени и телото на жртвата и пиштолот за кој се сомнева дека бил употребен при убиството.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран